image-14 image-16 image-17 image-18

МОРА ДА СЕ ЗНАЕ

Зошто избори?

Затоа што со уставот сме се договориле дека ќе бидеме прашани.

Затоа што тие треба да се трудат околу нас, а ние да решиме кому ќе веруваме.

Избори, затоа што ни се може и затоа што ни се сака.

image-27 image-19 image-20
image-21 image-22 image-23
image-24 image-25
bg
image-28

ИЗБОРИТЕ СЕ ТВОЈА РАБОТА

image-29

ГЛАСАЈ БЕЗ СТРАВ!

image-30

НОГА ОД КОКОШКА

image-31

ПЕРО

image-32

АРСЕНАЛ - ЧЕЛЗИ

image-34

ИЗБОРИТЕ СЕ ТВОЈА РАБОТА

black-bg plus plus plus plus plus-hover

КАКО

СЕ ГЛАСА

НЕ СЕ ГЛАСА

  • Квиз 1
  • Квиз 2
  • Квиз 3

ВЕТУВАЊА:

Сите вработувања од 1991 до денес

Обезбедување егзистенција на сите невработени

Инвестиции
 

Инфраструктура
 

Европа
 

image-1

Состав:
Еден прирачник содржи:
100 мг гнев
250 мг рбет
500 мг лоши
спомени
1000 мг добри намери

image-3

Авторски права

image-5

ЗАБЕЛЕШКА, ВО СЛУЧАИ НА ПРЕДОЗИРАНОСТ!
Во вакви ситуации, на лицето веднаш да му
се прочита биографија на некој човек кој во
живот успеал благодарејќи на своето полтронство
и на бескрајната лојалност кон своите
шефови.

image-8

Фотокопирен работник со заслуги на народ

Начин на дејствување

Прирачникот брзо се апсорбира во клетките заболени од транзицијата. Ја инхибира глупоста и благопријатно влијае врз општата раздвиженост на сивите

клетки. Го поттикнува дејството на
грам-позитивните (надеж, верба) и уште
повеќе на грам-негативните
(очај-летаргија) микроорганизми кои се
пренесуваат генетски, (од татко на син,

од баба на внука, од колено на
колено) или перорално (со
секојдневно голтање вести, особено
ако тоа се прави без претходно тие
да се изџвакаат).

Индикации

Хронична желба за подобар живот, акутен напад на праведност, воспаление на ушите од заразни лаги и токсични ветувања,

општа замореност на организмот предизвикана со конзумирање еднолични партиски
програми и анемични политички декларации.

Контраиндикации

Зашеметеност, ѕунење во ушите и чувство на партиска збунетост, осовено кај лицата кои се пречувствителни на размислување со сопствената глава.

Кај таквите случаи можно е да дојде и до појава на целосна опстипација на менталните процеси, непријатна дијареа на празни зборови и однесување манифестирано со бескрајно повторување на предизборни слогани.

Дозирање и начин на употреба

Прирачникот е премал за завиткување тегли ајвар и претесен за импровизирање студентска софра на која треба да се смести половина килограм леб, кутија

сардина и кромид (факултативно). Истовремено, прирачникот е претенок за потпирање расклатени маси. Затоа, се препорачува негово читање.

image-16

*Произведено во лабораторијата БЈРМ!

НАЧИН НА ЧУВАЊЕ:
Да се чува на темно и суво место. Со други зборови да се чува во Македонија.

РОК НА ТРАЕЊЕ:
Се покус и покус

ПРИРАЧНИКОТ ДА СЕ ДРЖИ ПОДАЛЕКУ
ОД ДЕЦАТА И
ОД КРЕТЕНИТЕ!

НАЧИН НА ИЗДАВАЊЕ:
Прирачникот не се издава на рецепт. За да се добие, доволно е да се приложи каков било доказ за поседување македонско државјанство. Со тоа лицето автоматски се здобива со правото да биде пациент.
image-16

ПОЧЕТЕН КУРС ЗА ГЛАСАЧИ

или: зошто го викаат магарето на свадба

image-17

*Упатство за пополнување:

Забрането е препишување, а кој ќе биде фатен да препишува, веднаш ќе биде осуден на целодневно гледање директен пренос од работата на Собранието на Република Македонија и на учење говори од пратениците, наизуст.

image-16
image-18

ТЕСТ 1 - Елеминаторна фаза / страна 1 ->

Зошто постојат избори?

а) Е, зошто де?

б) За да се освежат ѕидовите со нови плакати.

в) Затоа што си немал ѓаволот друга работа.

г) За да добиеме нови кредити од ММФ и Светската банка.

д) За да не биде човек раат.

ѓ) Затоа што изборната моќ е неопходен услов за постоење на демократијата.

По каков изборен систем ќе се гласа?

а) По системот капка по капка.

б) Пропорционален, во зависност колку
гласови добива секоја кандидатска листа.

в) Обратнопропорционален.

г) Не пости никаков систем. Се работи за чиста
импровизација.

д) По системот "Сложни калуѓерки и во петок
мрсат."

e) По системот "Јал, не јал - три и пол."

ж) Со фрлање пратенички бидермаер.

Кој има право да гласа?

а) Тој што ќе добие наредба.

б) Тој што ќе добие пенкало, запалка, масло,
брашно и 20 евра.

в) Секој што има зелена ролка и минимум два рала
очила.

д) Сите државјани на Р. Македонија кои се постари
од 18 години и кои се деловно способни.

Кој може да се кандидира?

а) Сите оние коишто можат да бидат гласачи и кои
не се на издржување на затворска казна.

б) Оние кои ќе им се бендисаат на партиските
лидери.

в) Оние кои ќе докажат дека не ги бидува за друга
работа.

г) Оние кои се ветиле дека до пензија ќе направат
барем милион долари.

image-20
image-19
image-18-strana-2

ТЕСТ 1 - Елеминаторна фаза / страна 2 <-

image-59

Кој ги надгледува изборите

а) Комшијата Сокол, со жена му Вида.

б) Тихо воајерот.

в) Командантот Збуљим од 114. бригада.

г) Здружението на гулабарите на БЈРМ, со официјален сертификат за членство во Светската гулабарска асоцијација.

д) Овластени набљудувачи од ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА.

е) Момците од некојаси Комета.

image-60

Колку пратеници избираме?

а) Колку што има ѕвезди на небото.

б) Колку што има капки во морето.

ц) 120.

д) Колку што има Собранието пари за дневници.

е) Колку што ќе даде Господ.

ф) Колку да не бидеме без ич.

Што е изборна кампања?

а) Промовирање на изборните платформи и програми на политичките партии, учеснички во изборниот процес, преку: комерцијални огласи во печатените и електронските медиуми, политички митинзи, настапи на медиумите, делење на пропаганден материјал и сл.

б) Тоа тие е супер, ако си пејач.

в) Можност да се испокараш со сите што не мислат како тебе.

г) Изборна кампања е кога мозокот го даваш на хемиско чистење.

д) Маскенбал.

Како се гласа?

а) Со господ напред.

б) Се знае како. Го затвораш носот и заокружуваш.

ц) Со достоинствено уфрлување на превитканото гласачко ливче во гласачката кутија, од страна на избирачот, кој претходно ја искажал својата волја во простор што обезбедува приватност.

д) Пасивно - со панцир, активно - со "кашикара" или "зоља".

е) Со веќе заокружено ливче.

н) Со двајца братучеди.

о) Со Дотеран како селско дете за вакцина.

Што да сторите, ако не сте запишан/а во изборниот список?

а) Налет!

б) Ќе се препуштам на алкохол и лесни дроги.

в) Ќе го искинам списокот.

г) Ќе кренам врева и ќе го пријавам тоа во
надлежната институција.

з) Ќе се пријавам на "Вашите пет минути".

ѓ) Ќе купам Бинго, а недобитните ливчиња ќе ги
пратам до Државната изборна комисија.

e) Ма, важно плата навреме да стигне.

Како се објавуваат резултатите?

а) Со тажен лик и насолзени очи.

б) Со спорадични истрели во воздух.

в) Со рафални истрели во воздух.

г) Со два лексилиума.

д) Со демолирање на Изборниот штаб на противкандидатот.

ѓ) Со честитање на победата на против кандидатот.

image-61

Ако при решавање на претходните прашања, почувствувавте немоќ, а погледот Ви се матеше - затоа што сите одговори Ви личеа исто, еве уште една шанса.
Со среќа!

image-49

ТЕСТ 2 - Втора шанса

- Смеам да гласам во името на братот и снаата од Швајцарија ...... ДА НЕ

- Можам да гласам со легитимација од видеотека .................. ДА НЕ

- Смеам да поднесам жалба ако ми е повредно избирачкото право ... ДА НЕ

- Никому не морам да му кажам за кого сум гласал ................ ДА НЕ

- Ако сум хендикепиран или неписмен имам право на помош
  при гласањето ................................................
ДА НЕ

- Маж ми не смее да ми нареди за кого да гласам ................. ДА НЕ

- Гласам според мојата гласачка волја ........................... ДА НЕ

- Никој не смее да агитира за кого да гласам на денот на изборите ДА НЕ

- Неправилностите во гласањето можам да ги пријавам кај
  Изборната комисија ...........................................
ДА НЕ

image-50

> Не оди, а? Добро, знаеме дека воопшто не е лесно да се избира меѓу две опции. Особено ако се работи за толку блиските ДА и НЕ. Затоа во следната фаза одговорите ќе бидат за нијанса полесни:

image-49

ТЕСТ 3 - Што е полесно од ова?!?

- Мојот глас е таен .............................................ДА ДА

- Треба да носам лична пасош или лична карта ....................ДА ДА

- По гласањето на палецот од десната рака
  се нанесува спреј како доказ дека лицето гласало ...............
ДА ДА

- Смеам да прашам некого, ако не сум сигурен како се гласа .......ДА ДА

- Никој не смее да ми нареди за кого да гласам ...................ДА ДА

- Смеам да го заштитам своето избирачко право ...................ДА ДА

- Никој не смее да ми се заканува или заплашува поради
  мојот избор кому ќе му го дадам гласот .........................
ДА ДА

- Избирачкиот одбор се грижи за одржувањето на редот
  за време на гласањето .........................................
ДА ДА

- Ако сум сведок на неправилности за време
  на гласањето, можам да поднесам жалба до ДИК ...................
ДА ДА

- Хендикепираните или неписмените лица имаат право
  на помош при гласањето .......................................
ДА ДА

image-51

> Ако и овој пат се соочивте со неразрешливи дилеми, тогаш Вам треба да Ви се одземе правото на глас. Бидејќи на тоа немаме право ни останува да се тешиме дека се додека постојат луѓе како Вас, нашите следни рубрики нема да останат празни:

image-50

КАЗНЕНА ФАЗА
(за да не биде потоа - не знаев)

image-53

1. Ако гласате во туѓо име се
соочувате со парична казна од
40.000 до 50.000 денари.

2. За претставниците на изборните одбори, за набљудувачите или за претставниците на подносителите на листите кои за време на гласањето и на избирачкото место носат ознаки на политичка партија или кандидат, законски е предвидена парична казна од 20.000 до 50.000 денари.

3. Спречувањето на полицијата да воведе ред и мир на местото на гласањето се казнува со парична казна од 40.000 до 50.000.

image-54

4. Гласањето за повеќе лица според законот се казнува со парична казна од 40.000 до 50.000 денари.

5. За службеното лице кое ја злоупотребува својата положба и предизвикува неред на гласачкото место е предвидена парична казна од 40.000 - 50.000 денари.

6. Агитирањето на денот на гласање се казнува со парична казна од 20.000 до 50.000 денари.

image-55
image-56

И за крај...
МЕДИЦИНСКА ФАЗА:
ДОКТОРЕ, ШТО МИ Е?

>> Пред некој ден во нашата изборна единица, одржа трибина човекот кој веќе два пати го избираме за пратеник. Рече дека ако го добие и третиот мандат, ќе го исполни сето она што ни го ветувал минатите години. Јас, за миг, се посомневав во тоа. Дали сум нормален?

шифра: Кажете ми ја вистината!

image-57>> Во последно време забележувам дека жена ми се однесува многу чудно. Додека се мачам да и ја објаснам сложената политичко - безбедносна ситуација во земјава, таа незаинтересирано чисти низкуќи. Додека и зборува за монетарна политика - таа готви ручек. Кога ќе се префрлам на меѓунационалните односи, почнува да пегла, а кога ги анализирам суптилните меѓународни релации - таа заминува да пазари. Што да правам, докторе? Дали да се разведам, или и ќотекот би помогнал?

шифра: Ќе ми ги расипе децата!

>> Сполај му на бога, јас сум жив и здрав, ама Ви
се обраќам за помош поради мојот син. Тој многу мачно ги
преживува случувањата во нашата земја. Сите настани ги сфаќа
премногу лично. Секоја вест од политичкиот живот кај него
предизвикува огромна болка. Обично тоа изгледа вака: седиме
во дневна, јас ќе пуштам вести и по секоја информација, синот
извикува "Е, и тоа ме заболе!". Веќе не можам да го гледам
како страда за татковината додека навидум спокојно пие пиво
и пополнува ливчиња
за спортска
кладилница.

шифра: Докторе, ме заболе за него.

image-58>> Јас сум момче од
еден град од
внатрешноста на
Македонија. За кој
град станува збор,
не сакам да открија,
поради дискреција. Ви се јавувам затоа што имам силен порив да
станам пратеник. Пред сè заради мојата висока интелигенција.
Ме поддржувате ли во тоа?

шифра: Беровчанец.

image-16

ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ

image-22

РЕЧНИК НА НЕПОЗНАТИ ЗБОРОВИ

line-vertically

РЕЧНИК НА ПОЗНАТИ ЗБОРОВИ

image-23

Очигледно не се откажувате!

Митото доаѓа од зборот мито што значи: мито. Тоа е петтиот елемент на македонскиот универзум. Умее да го натера окото да замижи и да ја расположи раката да потпише. Умее да внесе елан во работата на судијата, професорот, цариникот. Митото умее многу. Кажано накусо, митото железни врати отвора - наместо да ги затвора зад оние кои го користат. Инаку, митото има свои подвидови, како што се: девизно мито, мито во шишиња, прехранбено мито (овој вид понатаму се дели на рибјо, јагнешко, свинско мито и др.), ама за овие подробности не Ви е потребен ваков прирачник.

image-25

Категорија што важи за обичните луѓе. Во деликатните и значајните сфери, каква што е политиката, други категории се на цена. Моралот не е една од нив.*
(* Авторот и е познат на редакцијата.)

Како шап и лигавка, како Боро и Рамиз, како Мирко и Славко, така Мито и Корупција. И корумпиран се станува со вежбање, т.е. со земање мито за определена противуслуга. Во Македонија се среќава и под името - рушвет.

Пресметувањето на процентите е базична операција во македонската математика. Без разлика како делиш, одземаш, множиш или собираш, најчесто изнесува - 10.
Една од омилените лозинки во општествено - политичкиот живот. Просто ти се чини, кога нашиве политичари биле мали, учителката само нив ги праќала на натпревари по математика. Готови се на се, само процентиот да се погоди.

Врховна догма во кадровската политика на сите нивоа. Потекнува од чувството дека државата е семеен бизнис, а се оправдува со мудроста дека крушата не може да падне подалеку од дрвото. Историските поуки велат дека овој процес, обично, завршува со паѓање - на дрвото.

Древна вештина за одвојување на зборовите од делата. Демагог е оној кој умее да го поплочи патот до пеколот со добри намери. Или да го поплочи патот до добрите намери со пекол, сеедно. Демагогот ќе го препознаете по тоа што никогаш не се збунува и не останува без зборови, а секогаш ги има вистинските решенија за општото добро. Демагогот знае дека човек со полни уши поретко помислува на својот празен стомак.

image-16

СЕТЕТЕ СЕ, ПА РАЗМИСЛЕТЕ!

ИЛИ - ДЕНОВИВЕ ПРЕД ГОДИНИ

godini-bg
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1999
1998
1998
1998
1998
1998
1998
1998
1998
1998
1998
1998
1998
1998
1998
1998
1998
1998
1998
1998
1998
1998
1998
1998
1996
1996
1996
1996
1996
1996
1996
1996
1996
1996
1996
1996
1996
1996
1996
1994
1994
1994
1994
1994
1994
1994
1994
1994
1994
1994
1994
1994
1994
1994
1994
1990
1990
1990
1990
1990
1990
1990
1990
1990
1990
1990
1990
1990
1990
1990
1990
1990
image-16

ТЕСТИРАЈТЕ СЕ СЕБЕ СИ!

Зошто да станам пратеник

image-40

Зошто сакате да се кандидирате?

к) Затоа што сакам, а мислам дека
умеам и знам како да и помогнам на
татковината.

г) За да прашаат будалите.

ѕ) За инает на сите оние што не ми
даваа да препишувам во школо од нив.

а) Оти чув дека и шурата ќе се
кандидирал.

д) Они една бајачка ми предвиде дека
ќе сум имал многу пари.

Што би сториле ако најдете нечиј паричник на
улица?

о) Кој си го најде, негов си е!

л) Зависи... дали некој видел дека го најдов.

ѕ) Ќе проверам чиј е, и ќе му го вратам на
сопственикот.

д) Ќе помислам дека тоа е масло на спротивниот табор.

р) Ќе помислам дека тоа е масло на оние од Скриена
камера.

ц) Ќе помислам колку масло ќе можам да купам со тие
пари.

п) Ич не му ја мислам, бе брат.

Што се за вас гласачите?

у) Прекрасен цвет што овенува веднаш
по изборите

в) Луѓе чија доверба треба да се освои
и потоа да се оправда.

л) Нужно зло.

с) Неписмени скотови што можат да ми
ги упропастат плановите.

image-41
image-42
image-43

Зошто треба вас да ве изберат?

е) Затоа што... тешко ним, ако не ме изберат!

т) Па, како ќе станам пратеник, ако не ме изберат?

п) Затоа што многу мерак ќе ми се направи.

о) Затоа што поделив повеќе брашно од другите.

д) Не знам, не сум сигурен.

в) Затоа што сериозно ќе работам на остварувањето на програмата со која сум се претставил пред гласачите.

image-44

Што би сториле ако забележите лице во невоља?

х) Зависи колку ми е познат.

б) Ќе се обидам да помогнам колку што можам.

а) Ќе гледам тој да не ме забележи.

с) Ќе му кажам дека волкот има дебел врат затоа што сам си ги врши работите.

џ) Искрено и отворено ќе го прашам што мисли да направи тој за мене, ако му помогнам.

и) Нема обичај да забележувам такви работи.

Вашата омилена политичка максима е?

б) Живеам небаре 100 години ќе бидам пратеник, а нервозен сум небаре уште утре ќе има предвремени избори!

у) Политиката е грижа за јавното добро.

д) Љуби го ближниот свој како да ти е партиски лидер.

ѕ) Огин и пламен фрла'т по мене, оти сум голем бекрија.

а) Немам коментар.

ТРИК ПРАШАЊЕ:

Имавте 9 рипчиња, мачката дојде и ви изеде 4. Колку ќе ви останат?

а) Морам да се консултирам со моите од Партијата.

б) А ДДВ пресметан ли е?

в) Ќе поднесам интерпелација за мачката.

г) Од каде ви е информацијата дека сум имал 9 рипчиња?

image-26

Ваш гласач Ви се жали дека 3 години не зел плата, а вие:

е) Му се жалите дека 3 години не сте зеле тендер.

о) Му ветувате дека ќе му одговорите со соопштение.

с) Елегантно му ја превиткувате раката, го соборувате на земја и повикувате полиција.

а) Му позајмувате 100 евра со 69% дневна камата, па по некое време му го земате станот.

п) Го убедувате дека се препознал.

image-27
image-16

маркетинг

ВИКЕНД-РЕВИЈАТА

САМ СВОЈ ПРАТЕНИК

во новиот број донесува

Екслузивно:

Вонземјани киднапирале пратеник и успеале да му го најдат мислењето.

image-45
line

Еротски приказни: На што се палат гласачите.

image-46
line

Бидете господар на своето тело: Како да лажете, а око да не ви трепне.

Со автосугестија против стравот

Повторувајте постојано:
предвремени избори нема да има,
предвремени избори нема да има...

image-47
line

ВЕСЕЛО КАТЧЕ:
Фатила златна рипка
пратеник и овој и
рекол

image-45
image-48

Катче за енигматичари

МAЛИ СОВЕТИ:
Како да ја вработите фамилијвата во
услови на предвремени избори.

image-16

ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ:

image-33

Пристрасен новинар:

Повеќенаменска алатка која може да послужи како мегафон, како детергент за машинско перење, како куче-чувар, како куче-овчар, куче за борба и куче за бришење нозе, како наплатувач на долгови, рисајкл бин, инка и диктафон. Отпорен е на ударите на сопствената совест, но треба да се држи подалеку од извори на светлина. Се напојува со наизменичен проток на информации и дезинформации. За да не Ви прегори, препорачливо е да си набавите и исправувач, односно уредник. Инаку, алатката работи на сите фреквенции, еднакво ефикасно во сите метеоролошко-политички услови. Ако Ви се расипе, обидете се да ја подмачкате. Или, уште поедноставно, фрлете ја и купете си нова. Пазарот е преполн со нив, а цената постојано им паѓа.

Послушен судија:

Тивок, вреден и полезен. Се користи само во крајна нужда. Бидејќи на училиште го учеле дека правдата е слепа, често знае да замижи. Исто така, многу добро знае дека правдата е бавна. Забрзува само со помош на конвенционалните извори на енергија (кеш, кариера, противуслуга). Ако правниот систем Ви изгледа како минско поле, тогаш ваквиот судија ќе Ви биде незаменлив водич - ако сакате да се протнете живи и здрави преку полето.

image-34

Невладини експерти:

Припадник на родот граѓански евнух: постојано е таму некаде околу власта. Гледал како се прави, знае како се прави тоа, само нема инструмент тоа да го направи. Ваквиот експерт умее да напише прекрасен закон за спречување на корупцијата, а потоа при влегување на паркингот, за кој се плаќа 40 денари, на чуварот да му каже: "Еве ти 20, не мора да ми даваш потврда."

image-35

Меѓународна заедница:

Мистерија, загатка, енигма, гатанка... Нешто како Кајзер Созе, како Валтер го брани Сараево, како Даскалот... Никогаш не е јасно кој телефонски број треба да го свртиш за да ја добиеш. Уште помалку е јасно зошто таа се разликува од нас, небаре ние сме од друга планета! Знае убаво да послужи како изговор за ново стегнување на ременот, како Адамов лист за покривање на срамот на локалните политичари, или како вондербра-градник за нивните високоумни идеи и проекти. Се чудиме како не ја разбираат нашата невиност, а потоа им ги каменуваме џиповите, бараме да ни дадат пари, ама да не ни се мешаат како ќе ги трошиме, ги молиме нивните луѓе да дојдат, а потоа им викаме да се одат дома. Од друга страна... не дека таа не знае да биде површна или конфузна.

image-36

Интелектуалец под наем:

Вонбрачно дете на политиката и јавноста, народски кажано: копиле.
Се препознава по јасно истенчениот сенс за тоа какво мислење,
политички исплатливо, треба да се цитира во мигот. Ако не одговара
на вистината, толку полошо за вистината. Кој спомна морал?

Граѓанин:

Граѓанинот е во повој. Еве, една деценија и кусур. Затоа, да не
зборуваме за него, за да не го урочиме.

image-37
П.С. Политичката практика дека власта владее, а граѓаните молчат, дефинитивно е замината во историјата, но изгледа нема кој тоа да им го каже на нашите граѓани и на нивните политичари. Една работа би требало да се научи: дека слободата и правата се изборуваат. Не се добиваат на подарок.
image-16
image-38 image-39

БЕЛЕШКА ЗА КРАЈ:

Прочитајте го Прирачников и дајте им го на уште седум личности да го
прочитаат. Ако не го направите тоа, тогаш бидете сигурни дека следните
4 години ќе Ве бијат малери!

Така во Белорусија, познатиот г. А. Л., а богами, и во Зимбабве, г. Р.
М. ...

izvicnik
USAID

ЕкстерноМК е овозможен со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

За содржината на ЕкстерноМК е одговорен тимот на ОХО и не ги изразува ставовите на УСАИД ниту пак на Владата на Соединетите Американски Држави.